Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата ќе ги покрие долговите на студентските домови

Владата ќе ги покрие долговите на студентските домови

Владата на вчерашната седница донесе одлука за доделување финансиски срeдства на повеќе државни студентски домови за да се надоместат долговите и преостанатите режиски трошоци до крајот на годината.

Министерството за образование и наука во јуни соопшти дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ имаат долгови од 4,5 милиони евра.

Министерството претходно информираше дека договориле исплата на долгот со ЕВН Македонија и дека е надминат проблемот со електричната енергија во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.