HomeДЕНЕШНАРепубликаВладата издвоила нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

Владата издвоила нови шест милиони евра за санација на поплавените подрачја

Нови шест милиони евра се одвоени за санирање на состојбата во местата зафатени од поплавите на 6 август во Скопско. Од нив, три милиони се од Буџетот на Република Македонија, 2,5 милиони од Буџетот на Град Скопје, а 500 илјади евра издвои општина Гази Баба.

Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при означувањето на почетокот на реконструкцијата на улицата „Алија Авдовиќ“ во населеното место Сингелиќ, нагласувајќи дека вкупно 10 милиони евра ќе бидат инвестирани за подобрување на инфраструктурата во местата зафатени со поплавите.

Нагласи дека моментално три екипи на „Македонија пат“ работат на терен, а вклучени се и службите на Градот Скопје преку ЈП „Улици и патишта“, како и општина Гази Баба. Министерот за транспорт и врски најави дека веќе е потпишан и договор за обнова на обиколницата за што ќе бидат издвоени околу три милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com