Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата и ВМРО-ДПМНЕ дале речиси половина милион евра за пропаганда во странство за три месеци

Владата и ВМРО-ДПМНЕ дале речиси половина милион евра за пропаганда во странство за три месеци

Речиси 220 илјади евра платила Владата на чело со техничкиот премиер Емил Димитриев за „услуги за менаџирање на угледот и имиџот на Македонија пред општествената, политичката, економската и медиумската јавност во светот“ пред и по парламентарните избори во декември, објави Призма.

Договорите се склучени со две компании, британска и германска, во ноември 2016 година, во времетраење од три месеци, но дури денеска се објавуваат на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, речиси половина година по склучувањето на договорот и 3 месеци по неговото завршување.

На веб-страницата на Бирото за јавни набавки не е објавен ниту огласот, па невозможно е јавноста да види точно какви услуги се барале на тендерот. Според објавените договори, единствено може да се прочита дека британската и германската фирма нуделе услуги за менаџирање на угледот и имиџот на државата.

Истовремено, токму во периодот пред и после изборите, тогаш владејачката ВМРО – ДПМНЕ ги активира услугите на американската пи-ар компанија Дашл груп за застапување на интересите на партијата пред преставниците на владата на САД. За ангажманот и активностите во периодот од ноември 2016 до јануари 2017 година, ВМРО-ДПМНЕ на Дашл груп ѝ платила вкупно 240 илјади долари.