Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата го разреши директорот на ДЗС

Владата го разреши директорот на ДЗС

Довчерашниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу, е разрешен од оваа функција со одлука на Владата. На негово место е поставен Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Џаферовски доаѓа на директорското место во Дирекцијата во момент кога низ земјата беснеат пожари на повеќе локации, а претходниот директор беше критикуван во јавноста за лошото справување.

Според неговата биографија, роден е во 1969 година во с.Лажани, Општина Долнени. Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи, а специјализирал бизнис и менаџмент.