HomeДЕНЕШНАРепубликаВладата го даде на десетгодишно користење Куршумли-ан на амбасадата на Република Турција, без надомест

Владата го даде на десетгодишно користење Куршумли-ан на амбасадата на Република Турција, без надомест

Владата го даде на десетгодишно користење Куршумли-ан на амбасадата на Република Турција во Македонија, без надомест, ова е објавено во Службен весник во февруари годинава.

Во првиот член стои:

(Со оваа одлука се даваат на времено користење недвижни ствари – простории во објект)

(Куршумли ан – споменик на култура на улица Евлија Челебија

– кат приземје, број 1, со површина од 451 м2,

– кат 1, број 1, со површина од 349 м2,

– кат 1, број 1, со површина од 524м2,

сопственост на Република Македонија, на Амбасадата на Република Турција во

Република Македонија – Скопје, за активностите на културниот центар – Турски културен центар Јунус Емре во Скопје.

Во вториот член стои:

„Недвижните ствари од член 1 од оваа одлука се даваат без надомест на времено користење за период од десет години од денот на влегувањето во сила на оваа одлука“.)

Од центарот Јунуз Емре, не сакаа да дадат изјава, но информираат дека се подготвуваат за културните настани кои ќе ги оддржуваат во Куршумли-ан. Од таму не даваат детаљи дали ќе се наплаќаат за настаните и дали има заинтересирано и други субјекти. И амбасадата на Турција не одговара на телефонските повици.

Куршумли-ан е срцето на старата Скопска Чаршија изграден во четиринаесеттиот век. Инаку во наредните 10 години Куршумли-ан ќе се употребува од турскиот културен центар Јунуз Емре

Куршумли ан претставува највисок дострел на османлиската архитектура од профан карактер на Балканот.

Извор: http://tv21.tv/mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com