Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата ги усвои идните чекори од планот „3-6-9“

Владата ги усвои идните чекори од планот „3-6-9“

Владата на 38. седница го разгледа и го прифати фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во планот „3-6-9“ заклучно со 14 ноември 2017 година, соопшти владината прес-служба.

На седницата, исто така, била усвоена и информацијата за активностите што ќе бидат преземени во наредниот период што ги опфаќаат одредниците „6-9“ во планот.

„Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во планот „3-6-9“ за првите три месеци покажува дека мерките во првите три месеци се исполнети во најголема мера, пред сè, како резултат на силната политичка волја и заложба на Владата и на надлежните институции. Дел од мерките чија реализација е почната или е во тек, останаа релевантни и за наредниот период“, стои во соопштението.

Во наративниот план за идниот период, како што соопштија од Владата, мерките од делот „6-9“ се дефинирани и ажурирани врз основа на препораките содржани во извештајот на групата високи експерти за системските прашања од владеење на правото и консултациите со сите засегнати страни.

„Предвидените мерки е планирано да се реализираат до декември 2017 година, односно до март 2018 година или пред објавувањето на следниот редовен извештај на Европската комисија за Македонија“, се наведува во соопштението.