Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата деновиве ќе го разгледа законот за јазиците – не очекува опструкции од опозицијата

Владата деновиве ќе го разгледа законот за јазиците – не очекува опструкции од опозицијата

Владата во наредните денови ќе го адресира Законот за употреба на јазиците како важно прашање кое е дел од Рамковниот договор, изјави денеска вицепремиерот Бујар Османи.

– Во наредните денови Владата ќе го разгледа и се надеваме брзо ќе го усвои законот за употреба на јазиците, рече Османи на новинарско прашање пред состанокот на СЕП и Минситерството за правда посветен на имплементацијата на реформите од Планот 3-6-9 кои се однесуваат на правосудството.

Тој посочи дека не очекува опструкции од опозицијата.

– Мислам дека не затоа што тие имаа јавен став дека ќе го сменат односот кон албанската заедница затоа што констатирале во партијата дека имале погрешен пристап. Ние сметаме дека ова е идеална можност да ВМРО-ДПМНЕ го коригира ставот и заеднички со консензус го донесеме законот за јазици. Такво чувство имаме добиено од јавните ставови на ВМРО- ДПМНЕ, рече вицепремиерот Османи.