Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВладата денеска ќе расправа за програмата за членство во НАТО

Владата денеска ќе расправа за програмата за членство во НАТО

На денешната седница, Владата ќе расправа за неколку важни прашања, меѓу кои предничат информацијата за реконструкцијата на пругата Куманово – Бељаковце од железничкиот коридор 8, како и за проекти на ЕЛЕМ кои не се во рамките на основната дејност на државниот производител на струја.

Од стратешките теми, на маса е и предлог-текстот на годишната Национална програма на Република Македонија за членство во НАТО за 2017-2018 година.

На предлог на Управата за хидрометереолошки работи, ќе се разговара за потребата за санација на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и во Крива Паланка и за поправка на радарскиот систем „Ѓуриште“.

На дневниот ред е и предлог-законот за ратификација на Конвенцијата за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство на Советот на Европа.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и одлуката за утврдување на цената на годишната претплата на „Службен весник на Република Македонија“ и за годишната претплата на Регистарот на прописи на Република Македонија за 2018 година.

Ќе се разговара и за превентивни прегледи на социјално ранливи категории на граѓани, како и за предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за заштита на културното наследство.