Tuesday, May 30, 2017
HomeАНТИСТРЕСЕкимВкусен пијалок за детоксикација на организмот

Вкусен пијалок за детоксикација на организмот

pojalok

По уживањето во обилната храна, потербно е чистење на организмот. Тоа е најлесно да го направите со пијалок од само две состојки, ѓумбир и лимон. Пвој пијалок е брз и едноставен да го направите и е одличен избор да го исчисти телото од токсините.

Ѓумбирот е силен антиоксиданс кој ја подобрува работата на црниот дроб и е одличен за детоксикација на организмот. Освен тоа помага кај надуеноста и го забрзува варењето. Лимонот има диуретик ефект кој ги отстранува токсините од телото.
gumbir
Состојките кои ви се потребни се: 3 dcl вода на собна температура, исцеден сок од половина лимон и 1 cm корен од ѓумбир.

Исцедениот лимон и ситното изрендан ѓумбир додадете го во чаша млака вода. Пијалокот оставете го малку да одстои и потоа испијте го. Овој чудотворен пијалок може да послужи како детоксикација и припрема за диетата, но и како здрав утрински пијалок кој ќе ви помогне да го исчистите организмот од собраните токсини. По желба можете да го засладите со минимално количество на мед.