HomeРЕФЛЕКТОРДизајнВистинско освежување во Скопје: „Циклус/и + -“ истражувачки мултимедијален проект кој ќе ве однесе во друга димензија

Вистинско освежување во Скопје: „Циклус/и + -“ истражувачки мултимедијален проект кој ќе ве однесе во друга димензија

proekt

Вистинско освежување во Скопје. Мултимедијално доживување кое ќе ја разбие градската културно – забавна монотонија. Утре во Културно информативниот центар – КИЦ, со почеток од 20:00 часот бидете дел од креативниот Експериментален истражувачки мултимедијален проект „Циклус/и + -“ на авторките Ивана Пирковска (мултимедијален уметник) и Магдалена Чапаровска (психолог и поет).

„Циклус/и + -“ е претставен концептуалистички, со аудио-видео проекции надополнети со перформанс и со интерактивни ѕидни, отворени, илуминативни инсталации. Со обемни статистички истражувања, од различни аспекти, авторките ги разработуваат психолошките трансформации на ниво на индивидуалната свест. Видео проекциите визуелно се манифестираат низ спектралните фреквенции на измодифицираните гласови од дијалогот меѓу авторките, кои ја претставуваат динамиката на егото и алтер егото, т. е. на свеста и потсвеста. Тој ги актуелизира појавите во сферата на: биолошките, биополитички, психолошки, социјални, уметнички, еколошки, економски, историски и други контексти, што низ временските циклуси, директно се поврзани со индивидуалните субјекти. Миметичките движења на перформерите се синхронизирани со експерименталните звуци и со дијалогот, симулирајќи го истовремено присуството и отсуството, во и од видеото. Ѕидните инсталации претставени се во вид на дијаграми и контурирани празни портрети, во мрачниот простор, осветлени со УВ светлина. Публиката низ креативната интеракција треба да даде одговор на отворените дела со што ќе го доврши и заокружи почетокот на циклусот на овој проект – стои во поканата на Фејсбук.

Како соработници на проектот се јавуваат: Јасмина Трпевска и Милко Нестороски, млади сликари и перформери, Ивана Проданова, мултимедијален уметник, Александар Јаковлев, визуелен уметник и видео дизајнер, Драган Тодоровски – Дрази Драгс и Хектор Бермехо Мартин – Gale Talk, музичар и политички аналитичар од Мадрид.

Погледнете дел од претходните проекти на Ивана Пирковска
5035569_orig
ivana-1

ivana-2

ivana

Дознајте повеќе за авторите

Ивана Пирковска е мултимедијална уметница која освен со минимализмот и концептуализмот, се занимава и со различни истражувачки и експериментални интерактивни проекти кои се однесуваат на релација уметност-наука.
Пирковска е родена 1988г. во Скопје. Дипломирала на ФЛУ на Катедрата за скулптура, во класата на проф. Ибрахим 2011г. Нејзиниот последен концептуалистички проект „Порака од твојот универзум“ беше претставен во галеријата „МЦ“ во Њујорк во 2015 г. Истата година е наградена за интерактивната висечка скулптура „Минута за себе“ на натпреварот „Young ART 2015“, натпревар во пет дисциплини организиран од Агенцијата за спорт и млади на РМ. Повеќе податоци за нејзините проекти може да се најдат на нејзиниот веб сајт www.ivanapirkovska.com

Магдалена Чапаровска е родена 1983 во Скопје, Р. Македонија.Во 2005 дипломира општа психологија и советување на Американскиот колеџ во Солун. Во 2009 магистрира општа психологија и советување на Шефилд универзитетот во Солун. Магистерската ѝ е на тема навики во исхраната и нивната релација со самодовербата, перфекционизмот и импулсивноста, кај здравата машка и женска колеџ популација во Грција. Од 2011 работи во “Глобал Плус” како комерцијалист. Во 2012 станува семеен советник, при Институтот за системска пракса, брак и семејство во Скопје. Паралелно, повеќе од две години е главен уредник во блогот bidisvoj.mk. Од најрана возраст пишува проза и поезија. Во Мај 2015 нејзиниот расказ “Два мали пајака” е избран на конкурсот “Ќе ти шепнам”, за да биде објавен во збирна публикација. Во Септември 2016 две поеми и се објавени во печатениот зборник поезија “100 Илјади поети за промена” VI. Во 2017 ќе биде реализирана нејзината прва стихозбирка. Активист е и поборник во неколку невладини организации за заштита и права на животните.
magdalena

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com