Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноВистинската љубов не знае за години сепак, еве која е идеалната разлика за совршена врска

Вистинската љубов не знае за години сепак, еве која е идеалната разлика за совршена врска

Иако се вели дека „вистинската љубов не знае за години“, научници од Универзитетот Емори во Атланта докажале дека сепак постои идеална разлика во годините која до некаде гарантира квалитетен и добар однос.

Во истражувањето во кое учествувале три илјади луѓе научниците се обиделе да дознаат во колкава мера разликата во години помеѓу партнерите влијае врз квалитетот на односот.

ljubov 2

Паровите кај кои разликата во години изнесувала 5 години, имале 18 отсто поголеми шанси за раскинување од паровите во кои партнерите биле врсници.

Паровите во врски во кои партнерите биле постари или помлади 10 години имале 39 отсто поголеми шанси да раскинат, а оние со 20 години разлика имале 95 отсто поголеми шанси да раскинат.

Крајниот заклучок е дека најдобрата разлика во годините е една година, овие парови имале 3% шанси за раскинување. Истражувачите велат дека причините за овие резултати се фактите дека луѓето во различни приоди во животот сакаат поинакви работи, поинаку гледаат на животните вредности и поразлично го доживуваат светот.