Saturday, Apr 20, 2024
HomeUncategorized  Вистината за јаглехидратите

  Вистината за јаглехидратите

 

Доколку се пробале да намалите тежина или сте се занимавале со фитнес и бодибилдинг голема е веројатноста да сте слушнале за јаглехидратите.

Честопати се објаснува како се лоши или добри за нашето тело меѓутоа вистината е дека постојат лоши и добри јаглехидрати. За да ја сфатите нивната улога во исхраната и што тие прават во продолжение ќе прочитате неколку информации за истите.

Јаглехидратите, уште познати и како глициди или шеќери се органски соединенија чијашто молекула е изградена од трите биогени елементи – јаглерод, водород и кислород.  Тие се универзална и мошне битна состојка на сите живи организми.

Во клетката, јаглехидратите се јавуваат како главен извор на енергија, а претставуваат и важен градбен материјал на клеточните структури и лесно можат да се складираат како резервни материи. Се среќаваат во два вида прости и сложени.

Простите јаглехидрати  или шеќерите се тие што треба да ги избегнуваме. Најчесто се наоѓаат во слатките, газираните пијалоци, како и тестенините кои се приготвени со бело брашно. Овие јаглехидрати предизвикуваат брз раст на енергија преку покачување на шеќерот во крвта. На тој начин панкреасот лачи инсулин кој го чисти шеќерот и го складира (најчесто во масни наслаги), потоа имаме напади за благо или за поголемо количесвто на јаглехидрати и ни се јаде се повеќе.

complex-vs-simple-carbs

 

Сложените јаглехидрати најчесто се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, житарките  и тестенините (интегралните). Овие јаглехидрати се тие што му требаат на нашето тело, кои исто така ќе ве држат сити подолг период. Најважното да се сфати за овие јаглехидрати дека се разложуваат споро и на тој начин не предизвикуваат брз раст на енергија или зголемено ниво на шеќер во крвта.

Овој вид на нутриент иако е главен извор на енергија и при физички напор се троши прв, препорачливо е да се избегнува кога не сме сигурни дека ќе го потрошиме (најчесто тоа се попладневните часови).

Голем мит е дека јаглехидратите не се потребни при качување на здрава мускулна маса. Точно е дека протеинот го храни мускулот, меѓутоа доколку телото нема енергија од друг извор ќе почне да црпи од протеинот и на тој начин нема да го постигнеме саканиот резултат.