Thursday, Mar 23, 2017
HomeДЕНЕШНАСкопјеВисококатница на местото на урбан парк во Кисела Вода, граѓаните на дискусија со Беличанец

Висококатница на местото на урбан парк во Кисела Вода, граѓаните на дискусија со Беличанец

Граѓаните на општината протестираат, но никој не ги слуша нивните барања. На местото на кое се наоѓа урбаниот парк и зеленило ќе никне висококатница, чии градежни работи на инвеститорот Голден АРТ ДОО веќе започнаа.

Граѓаните кои живеат во околните згради се жалат дека новата зграда ќе го затвори просторот поради што ќе нема проток на воздух, но еден жител на Кисела Вода вели дека неговите сограѓани неосновано протестираат и се жалат бидејќи минатта година кога имало известување дека ќе има промени во Детално Урбанистичкиот план, граѓаните во засегнатиот дел од општината не реагирале.

За да не се дојде до поголем конфликт во мислењата и барањата на граѓаните, градоначалничката Билјана Беличанец ги повикува засегнатите жители на дискусија за засегнатиот проблем.