Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАВисоки температури – не излегувајте без заштита

Високи температури – не излегувајте без заштита

Повторно високи температури. Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 15 до 22, а дневната од 34 до 41 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура околу 20, а дневната ќе достигне до 40 степени. Докторите препорачуваат никако да не излегувате надвор без крема со заштитен фактор. Јакото сонце може да ги оштети вашата кожа и вид.