HomeДЕНЕШНАЕкономијаВишеградската четворка против „Север поток 2“: Проектот носи нова зависност од Русија

Вишеградската четворка против „Север поток 2“: Проектот носи нова зависност од Русија

Вишеградската група (Унгарија, Полска, Словачка и Чешка) сметаат дека „Северен поток 2” е политички и економски неоправдан проект. Тоа го изјави денеска полскиот претседател, Анџеј Дуда на завршна прес-конференција од самитот во градот Жешув, пренесе ТАСС.

„Сите претседатели го истакнуваат недостигот на физибилити студија за оваа инвестиција” – рече Дуда. Според него инвестицијата носи политички карактер. „Спроведувањето (на проектот) ќе го наруши градењето на ефективна Енергетска унија, додаде полскиот лидер. Тој коментира дека „Северен поток 2“ ќе има негативно влијание на процесот на диверзификација на енергетските извори во ЕУ и ќе создаде нови канали за зависност од испораките на руски гас.

Земјите од Вишеградската група треба да дејствуваат во насока на диверзификација на изворите и да ја намалат зависноста од испораките од Русија, додаде словачкиот претседател, Андреј Киска. Според него групата не може да биде зависна од рускиот гас. „Важно е да соединат сите коридори, сите гасоводи, па нашите земји да бидат обединети, па да можеме да испраќаме гас, добиван во Полска, во различни правци”, додаде Киска.

Чешкиот колега, Милош Земан истакна дека Чешка се потпира на спроведувањето на проектот за полско-чешки гасен интерконектор.

„Северен поток 1” директно ја снабдува Германија со руски гас, за кој нема санкции.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com