Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВисар Ганиу е новиот градоначалник на Чаир

Висар Ганиу е новиот градоначалник на Чаир

Кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу, и официјално, победи во општина Чаир, покажаа резултатите од повтореното гласање објавени на сајтот на Државната изборна комисија.

Ганиу во вториот круг, и по денешното прегласување во избирачкото место 2901 во Чаир, освои 48,92 отсто од гласовите додека неговиот против кандидат од паријата Беса, Зеќирија Ибрахими доби 47,71 отсто.

По вториот круг од локалните избори, оджрани на 29 октомври беа поднесени 16 тужби од Управниот суд, но беше прифатена само онаа на Беса за ИМ 2901 во општина Чаир. Поради малата разлика меѓу кандидатите од 209 гласа, Управниот суд и ДИК наложија да се направи прегласување. По денешното гласање, Ганиу ја зголеми разликата на 346 гласа, освојувајќи 13.987, додека Ибрахими 13.641.

Движењето Беса денеска обвини дека се вршело притисок врз гласачите и дека на некои од жителите на ова избирачко место, со знаење на Министерството на внатрешни работи, им биле одземени личните документи, со цел да ги спречат да гласаат.