Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВисар Фида во аут, уште еден министер ја напушта Владата

Висар Фида во аут, уште еден министер ја напушта Владата

Висар Фида, министерот без ресор во актуелната Влада на РМ си поднел оставка но, на јавноста се уште не и се познати причините за напуштањето на функцијата. Од официјалниот кабинет на Владата на РМ нема реакција за потегот на Фида, ниту пак најава кој ќе го замени кадарот предложен од ДУИ. Денес во Собранието ќе се гласаат предлозите на опозицијата за нови министри и заменици, како и рокада на актуелните министри од власта кои ќе ги отстапат челните позиции во МВР и Министерството за труд и социјална политика.

Висар Фида работеше на привлекување на странски инвестиции и не добиваше големо влијание во проектите на владата, додека пак Државниот завод за ревизија во Агенцијата за странски инвестиции имаше наоди дека странски инвеститор добил можност производите за кои добива државна помош да ги пласира на македонскиот пазар како нелојална конкуренција.