Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВиолончелистот Александар Књазев и пијанистот Андреј Коробејников вечерва на ,,Охридско лето"

Виолончелистот Александар Књазев и пијанистот Андреј Коробејников вечерва на ,,Охридско лето"

55 Охридско лето продолжува со својата богата програма. Вечерва во  совршената акустика во катедрална црква ,,Света Софија” свој концерт ќе одржат рускиот виолончелист  Александар Књазев и  неговиот сонародник,  пијанистот Андреј Коробејников.

Књазев од стручната јавност е оценуван како еден од најмоќните виолончелисти во светот Соработките со Оркестарот на „Би-Би-Си“ во Лондон, Баварскиот радио-симфониски оркестар, Симфонискиот оркестар на Гетеборг, Симфонискиот оркестар на Балтимор, Токискиот симфониски оркестар, Прашката филхармонија, Државниот академски симфониски оркестар на Русија стојат во неговата богата професионална биографија

Пијанистот Андреј Коробејников веќе се претстави пред публиката на ,,Охридско лето” синоќа во цркавата Св.Сфоија. За овој маестрален музичар фестивалот остави простор за два настапи