HomeРЕФЛЕКТОРДизајнВиолинистката Ева Богоевска заштитен знак на колекцијата „Баланс“ на Антонија Ристовска

Виолинистката Ева Богоевска заштитен знак на колекцијата „Баланс“ на Антонија Ристовска

balans-6

Урбаното и брзо темпо на општествени промени од жената бара успешен баланс на сите полиња од животот. Новата колекција е инспирирана од внатрешниот порив на жената, која балансира меѓу љубовта и омразата, доброто и злото, исклучителниот комфор и крајната неудобност, меѓу задоволството и воздржувањето, слободата и сигурноста, притоа задржувајќи го сопствениот став. Поаѓајќи од сите овие предизвици на современата жена, модната дизајнерка Антонија Ристовска својата нова колекција за сезоната есен/зима ја нарекува токму „Баланс“. Крајната порака е да се најде вистинскиот баланс во реката на животот и неговата бесконечност.
balans-3
Колекцијата е составена од 15 парчиња изработени од висококвалитетни материјали и тантели, наменети за свечени пригоди. Акцентот е ставен на три бои: бела, пудра-розова и темносина. Како и во досегашните колекции на Ристовска, рачната изработка е застапена во сите модели, по што е и препознатлив нејзиниот бренд. Како детаљ се забележуваат машничките во форма на знакот за бесконечност, везени на мрежичка со кристали.
balans-4
Во улога на модел за колекцијата е младата виолинистка Ева Богоевска, која е новото заштитно лице на брендот „Антонија Ристовска“. Соработката на брендот „Антонија Ристовска“ со Ева Богоевска, покрај грижата за стајлингот на нејзините настапи, се проширува и во промотивни цели.
balans

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com