Wednesday, Apr 24, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимВиолетов леб- нов хит во светот

Виолетов леб- нов хит во светот

Белиот леб веќе подолго време се смета за главен непријател на линијата и здравјето, тој е поврзан со дебелината и високиот крвен притисок кај луѓе. Професорот Жоу Веибиао од Универзитетот во Сингапур пронашол начин на решавање на тие проблеми, задржувајќи ја текстурата и вкусот на лебот. На светот тој му го претстави најновиот хит во исхраната – виолетов леб кој е многу поздрав од белиот леб.

Како што се тврди, овој леб има понизок гликемиски индекс (побавно го зголемува нивото на шеќер во крвта) и се вари за 20 отсто побавно од класичниот леб, што има придобивки за здравјето.Според сегашните нутриционистички размислувања, белиот леб се вари премногу брзо, го зголемува нивото на шеќерот во крвта и е поврзан со дебелината. Накратко, тој е непријател на оние што се хранат здраво.

Доколку сакате да уживате во текстурата на лебот и да го забавите варењето, ова веројатно е најдбриот начин – објаснил Веибиао и додадел дека преку виолетовиот леб внесувате исто количество на скроб и пченично брашно, па нутритивната вредност останува иста. Клучната идеја е да го забавите ослободувањето на енергијата,за да може калориите да ги трошите во тек на подолг временски период.