Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВинер Лајф нуди животно осигурување и инвестиции на светски берзи

Винер Лајф нуди животно осигурување и инвестиции на светски берзи

Винер лајф во партнерство со ВФП Фонд менаџмент го создаде новиот производ Лајф инвест кој што претставува спојување на животното осигурување и вложување во инвестициски фонд чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза. Ова е прв и единствен од овој вид производ во Македонија, а меѓу првите и во регионот.

Winner Life i WVP_1

Лајф инвест е производ кој што отвора нови можности и бенефиции за осигурениците, така што корисникот е животно осигуран но, истовремено станува и инвеститор во хартии од вредност на реномирани светски компании.

„Винер Лајф како дел од VIG групацијата на македонскиот пазар се обидува да ги донесе сите производи кои им се на располагање на граѓаните во развиените европски земји. Токму овој производ е дел од таа наша заложба. Како еден од поатрактивните осигурителни производи на странските пазари, посебноста што ја постигнува во Македонија е тоа што корисникот, физичките лица кај нас ја имаат ретката можност да вложат преку вредноста на акциите на најголемите светски компании и на тој начин да бидат во добивка за принос што може да биде значајно поголем од износот кој се добива со штедење во банка“, изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управен одбор на Винер Лајф

Лајф инвест е единствен производ на македонскиот осигурителен пазар што ги претставува пред граѓаните огромните можности на Unit linked производите, односно средствата се вложуваат во инвестициски фонд во водечки светски компании чии акции котираат на американската, швајцарската и германската берза.