Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВиналес победи на дебито за Јамаха!

Виналес победи на дебито за Јамаха!

Маверик Виналес ја освои првата победа за Мувистар Јамаха во Катар. По незвесна трка со Андреа Довициозо и тимскиот колега Валентино Роси, по двапати одложувањето поради големи врнежи на дожд.

Виналес и Довициозо го разменија водството безброј пати, но 22 годишниот Шпанец беше супериорен во завршницата и го освои првото место. Довициозо ја возеше веројатно трката на својот живот откако се префрли на меки мишелин гуми Дукатите и неговата електроника која оваа година според голем број стручнаци е еден од најдобрите мотори во Мото ГП. Но сепак Виналес не дозволи да биде поразен и заедно со неговиот тимски колега Роси се искачија на подиумот.

Роси кој беше отпишан после слабите тренинг резултати, докажа дека сеуште е еден од најдобрите возачи во Мото ГП шампионатот, оставајќиго главниот конкурент за титулата Марк Маркез позади него. Херој на денот беше французинот Јохан Зарко кој со меки гуми ги остави позади него одличните Маркез, Довициозо, Роси и победникот Виналес на повеќе од секунда заостаток, но за негова несреќа тој излета од патеката на 14 круга пред крајот.