Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВикимедија со уредувачки маратон за „Егејска Македонија“

Викимедија со уредувачки маратон за „Егејска Македонија“

Во рамки на договорот за меѓусебна соработка помеѓу огранокот на Викимедија во Македонија – „Споделено знаење“ и МАНУ, а во склоп на активностите за одбележување на 15 годишнината од започнувањето на Википедија, на 22.01. во библиотеката на МАНУ се одржа тричасовен уредувачки маратон на тема „Егејска Македонија“. Aegean_Macedonia_editathon_7 На уредувачкиот потфат учествуваа 3 корисници – уредувачи, а беа присутни и 2 студентки по филологија од Полска кои се на размена во Македонија и кои ги покажаа своите одлични познавања на македонскиот јазик. Со поддршка на вработените, од богатиот научен книжен фонд на библиотеката беа обезбедени 30 книги посветени на различни теми и области поврзани со егејска Македонија како населени места, географија, дијалекти, наречја и говори, историски настани и личности од Илинденското востание, НОБ и Граѓанската војна, од кои на Википедија на македонски јазик се уредија вкупно 26 статии од кои 15 новосоздадени и 11 значително подобрени и надополнети. Aegean_Macedonia_editathon_5Ова е прв ваков уредувачки потфат на Википедија на македонски јазик кој се одржува во библиотеката на МАНУ, која и понатаму ќе ги отвори вратите на своите простории и богат книжен фонд за уредување на енциклопедиските статии со точни, веродостојни и научно потврдени податоци, факти и информации од сите науки и уметности.