HomeДЕНЕШНАСветВикилкс не ја остава Хилари Клинтон на раат, откриен и банкарски скандал

Викилкс не ја остава Хилари Клинтон на раат, откриен и банкарски скандал

Викиликс продолжува со објавување на хакираните мејл пораки на претседателската кандидатка Хилари Клинтон зад кои најверојатно стојат Руси. Овој пат објавени се серија на пораки кои Хилари ги разменувала со советникот во предизборната кампања Џон Подеста. Некои од нив се од минатата година, а некои од септември.

Во нив се откриени детали за говорите кои политичарката ги држела пред банкарите од Вол Стрит за кои тие плаќале стотици илјади долари, наводно како за говорник кој е експерт за економија, но всушност на тој начин ја придобивале нејзината политичка поддршка.

Клинтон во еден говор кажува дека банкарите се најквалификувани да помогнат во реформата на американскиот финансиски сектор.

Еден од говорите кои Клинтон ги одржала бил на настан спонзориран од банката Голдман Сакс во октомври 2013 кога кажала дека за финансиските реформи треба да се консултира Вол стрит.

„Луѓето кои најдобро ја знаат индустријата се луѓето кои работат во неа“, кажала Клинтон.

Во друг говор од 2013 пред банкари од Бразил кажала дека „сонува за заеднички отворен пазар на западната хемисфера“. Таа исто така кажала дека ги поддржува „слободната трговија и отворените граници“
Подеста смета дека станува збор за хакерски напади и не ја исклучува можноста некои документи да се изменети.

„Не сум среќен што Русите ме хакирале за да му помогнат на Доналд Трамп. Немам време да утврдувам кои документи се вистинити, а кои лажни“ напиша Подеста на Твитер.

Во текот на кампањата противкандидатот Берни Сендерс бараше Клинтон да ги објави содржините на говорите кои вределе по 700 илјади долари, но таа го одбиваше тоа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com