Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВикиликс откри заговор на Демократската партија против Берни Сендерс

Викиликс откри заговор на Демократската партија против Берни Сендерс

Викиликс објави нова серија на хакирани мејл пораки од угледни членови на Демократската партија на САД кои во првичната фаза од партиските избори биле против Берни Сендерс кој го омаловажувале, а ја фаворизирале Хилари Клинтон.

berni vs hilari

Со тоа се доведува во прашање целиот изборен процес бидејќи целта е да се одбере најдобриот кандидат без пристрасност на партијата, но очигледно Клинтон како дел од естаблишментот била во многу поповолна позиција.

Wikileaks hilari2

Сендерс во текот на кампањата на повеќе наврати се жалеше дека системот на прелиминарни избори е наместен и не ја одразува волјата на граѓаните, но никогаш не ја нападна силно Хилари за да не дојде до меѓупартиски судири.

Ова е голем удар врз кампањата на Хилари која во ноември ќе се соочи со популистот Трамп и има големи шанси да изгуби од Републиканците, а секако ја следи и скандалот со приватниот мејл сервер во Стејт Департментот.