Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВикендов по трет пат ќе се прска против комарци

Викендов по трет пат ќе се прска против комарци

Од Град Скопје соопштија дека третата серија на дезинсекција против комарци по воздушен пат ќе се одвива на 25 и 26 јули, сабота и недела, во период од 5.30 до 8.00 часот.

komarci

Третата аеросолна дезинсекција (терестрична) на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 26 до 29 јули (од недела до среда), во период од 23 до 4 часот наредниот ден.

– Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција, се посочува во соопштението од Град Скопје.

Затоа апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.