Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВикендов ново прскање против комарци !

Викендов ново прскање против комарци !

Од Град Скопје известуваат дека, викендот што следува ќе продолжи првиот наврат на дезинсекција против  комарци за 2016та год., која поради условите веќе беше одложена. Прскањето ќе се одвива на два начина: авионска и терестична. Првата ќе се одвива на 14.05.(сабота) во период од 05:30 до 10:00 часот, додека терестична дезинсекција ќе се одвива во деновите од 15.05. до 19.05.(од недела до четврток), во период од 23:00 до 04:00 часот наредниот ден. Доколку временските услови не дозволат, прскањето ќе се изврши наредниот ден кога временските услови ќе бидат поволни. Од Град Скопје порачуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.