Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВикендов мистериозно исчезнаа четири лица

Викендов мистериозно исчезнаа четири лица

Четири лица, меѓу кои две малолетнички, се пријавени за исчезнати, соопшти МВР.

Едното девојче, 16 годишно, од Велес, завчера излегло од дома и не се вратило, а случајот го пријавил нејзиниот татко З.Ќ. (46). Во засега непознат правец, исто така завчера, се упатило и 17-годишно девојче од скопската населба Чаир за кое пријавило неговиот дедо Х.Ј. (43).

Останатите две лица по кои полицијата трага се А.В. (19) од Кавадарци и Б.Ј. (42) од Свети Николе. Случаите ги пријавиле семејствата.