Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈ(ВИДЕО):Nike кампањата "Пронајди Ја Својата Брзина" ве инспирира да трчате најбрзо ова лето!

(ВИДЕО):Nike кампањата "Пронајди Ја Својата Брзина" ве инспирира да трчате најбрзо ова лето!

Новата кампања на Nike , “Пронајди Ја Својата Брзина” се состои од екипа врвни спортисти која има за цел да го инспирира секого да го истрча својот најбрз километар.

Кампањата ги спојува заедно најбрзите светски атлети за да ги инспирираат спортистите да трчаат или да тренираат со својата најголема брзина ова лето. Без разлика дали се подготвувате за својот прв километар или се обидувате да го надминете својот личен рекорд, вие ова лето ќе бидете инспирирани да станете побрзи.

За музиката во видео спотот  за кампањата “Пронајди ја твојата брзина” се погрижи Нил Бренан, ко-креатор на Шапел шоуто (The Chappelle Show), а во брзите испреплетени секвенци  се појавуваат Мајкл Џонсон – еден од најбрзите луѓе на планетата, Шели-Ен Фрејзер-Прајс – најбрзата жена на светот, најбрзата реклама со Коби Брајант, светски познатиот магионичар Дејвид Блејн, Брзата Птица Итрица и пар од најбрзите Nike патики за трчање –  Nike Air Zoom Elite 8.

“Да се биде брз може да значи да се победи противникот на лице место или да не му се дозволи да ја заземе посакувана позиција“ – објаснува Коби Брајант за важноста на брзината на кошаркарскиот терен.

Многу од овие спортисти тренираат или се натпреваруваат со патики со Nike Zoom Air технологија. Nike Zoom Air Elite, кои се омилени кај врвните тркачи затоа што им овозможуваат да ја постигнат својата најголема брзина, ја имаат главната улога во рекламата