Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео):Деби погодок на Стерлинг по само три минути игра

(Видео):Деби погодок на Стерлинг по само три минути игра

Англискиот репрезентативец и нов играч на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг, ги изненади навивачите откако по само три минути игра на теренот ја отвори серијата на голови за својот тим.

„Граѓаните“ како дел од Интернационалниот куп на шампиони во Мелбурн за свој противник го имаа тимот на Рома. Сити успеа да ја порази „волчицата“ со резултат од 5:4 во пенал рулетот откако регуларните 90 минути завршија со нерешен резултат од 2:2

Со ваков грандиозен почеток на 20-годишниот Стерлинг останува да видиме дали ќе го оправда статусот на најскапо платен играч во Премиер лигата.

https://www.youtube.com/watch?v=H0cTxD5EiDY