HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: ЦИВИЛ ги вклучува граѓаните во изборниот процес

Видео: ЦИВИЛ ги вклучува граѓаните во изборниот процес

derala

ЦИВИЛ отвори Апликација за пријавување на изборните набљудувачи на денот на изборите на својата веб страница #СлободниИзбори. Веб страницата, која ЦИВИЛ ја лансира уште во 2013 година за граѓанките и граѓаните да пријавуваат изборни нерегуларности во текот на изборниот процес, сега содржи и многу едноставна онлајн Апликација.
civil
Услови за спроведување на работните обврски на акредитираните набљудувачи на ЦИВИЛ се: Набљудувачите на ЦИВИЛ немаат партиски или друг ангажман за набљудување на изборите и го спроведуваат изборниот мониторинг само за ЦИВИЛ. Набљудувачите на ЦИВИЛ строго се придржуваат кон принципите за непристрасност и неутралност, ги следат упатствата и налозите од организацијата и го спроведуваат мониторингот на изборите во согласност со Изборниот законик и Кодексот за набљудување. Извештаите се прецизни и веродостојни, поткрепени со факти.

ЦИВИЛ ја претстави и публикацијата „Ние сме медиумите!“, во која се поместени искуства, извештаи и текстови на автори кои пишуваат за слободата на изразувањето, за трансформацијата на медиумите, за македонските состојби, за историјата на граѓанското новинарство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com