Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласВидео: Живеел со срцето во торба 555 дена, а сега може повторно да спортува

Видео: Живеел со срцето во торба 555 дена, а сега може повторно да спортува

Пред девет години 25-годишниот Стен Ларкин, кој бил завршна година на Универзитетот во Мичиген, сосема неочекувано паднал на кошаркарскиот терен. Набрзо му е откриена семејна кардиомиопатија, генетичка состојба која го истегнува срцевиот мускул и го спречува ефикасниот проток на крвта и која се случува без предупредување.

Истата дијагноза му е востановена и на постариот негов брат, Домоник, кому во текот на минатата година, исто
така му е пресадено ново срце. Kон крајот на 2014 година, на Стен Ларкин, морале да му го извадат срцето и да го заменат со вештачко. Додека го чекал новото срце, се случило нешто многу изненадувачко. Докторите откриле дека на Ларкин му оди мошне добро со вештачкото срце, дотолку што може да ја напушти болницата, без срце во своето тело.

– Бев шокиран кога докторите ми кажаа дека можам да живеам без срце во моето тело и дека машината ќе биде мое срце. Само размислете за тоа. Машина – рекол тој за Си-ен-ен.

Таа машина не е ништо помалку неверојатна. Вештачкото срце, уред од 10 килограми кој за Ларкиновото тело бил поврзан со неколку туби, а кој можел да се стави во ранец и да го носи насекаде со себе, па дури и на кошаркарскиот терен, на кој тој продолжил и да игра.

– Тоа е само една торба со туби кои излегуваат од вашето тело, но освен тоа, чувството е како да имате вистинско
срце. Се чувствувате како да имате ранец со книги и дека сте тргнале во училиште – рекол младиот човек.

Меѓутоа овој уред нема повеќе да му треба бидејќи неодамна конечно му е направена трансплантација на ново срце, која долго ја чекал. Не знае кој е неговиот донор.

– Направена ми е трансплантација и се чувствувам како да можам да потрчам. Сакам да се заблагодарам на мојот
донор. Се надевам дека еден ден ќе се сретнам со неговото семејство и дека и тие ќе посакаат да ме запознаат
мене – изјавил тој на прес-конференцијата, пред да замине дома.