HomeДЕНЕШНАСветВидео: Цел булевар потона во метрото, голем проблем во Јапонија

Видео: Цел булевар потона во метрото, голем проблем во Јапонија

japonija-dupka

Огромна дупка се отвори среде булевар во близина на главната железничка станица во јужна Јапонија и доведе до целосен прекин на сообраќајот. За среќа колабирањето на асфалтната структура се случи навечер кога нема голема раздвиженост на патници, па затоа и нема човечки жртви.

Дупката се отворила во близина на станицата Хаката во градот Фукуока на јапонскиот остров Кјушу во 5:15 часот по локално време и таа не престанува да се зголемува.

При уривањето, биле пресечени електрични кабли и дошло до прекин на електрината енергија на меѓународниот терминал на аеродромот во градот, кој е на два километри од железничката станица.

Властите почнаа евакуација на жителите на околните згради, откако се појавија информации дека може и тие да пропаднат. Во регионот се чувствува мирис на гас.

Се препотставува дека причина за инцидентот е изградба на подземна железничка мрежа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com