Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиВидео: Заслужи место во Гинис – течно и без никаква грешка изговори име од 58 букви

Видео: Заслужи место во Гинис – течно и без никаква грешка изговори име од 58 букви

Ова не е спикерски гаф, туку доказ дека тој е најдобриот спикер. Лиам Датон, прогнозер на Канал 4 телевизија, стана инстант ѕвезда откако, го изговори името на гратчето во Велс кое претставува едно од најтешките и најнеразбирливите имиња на населено место во Европа.

Неговиот изговор беше без ниту една грешка, течен и спонтан, а ако можеби мислите дека станува збор за нешто што не е така тешко да изговорите, изговорите го ова: Llanfairpwllgwyngyllgogerychwyrndrobwllllantysiliogogogoch.

Тоа е името на велшкиот град, долг неверојатни 58 букви што Датон го прочита без никакви потешкотии.