HomeАЈНШТАЈНИЈААтлас(Видео) Запознајте го Брок, највисокиот тинејџер на светот !

(Видео) Запознајте го Брок, највисокиот тинејџер на светот !

Брок Браун од Мичиген влезе во Гинисовата книга на рекорди како највисокиот тинејџер во светот. Деветнаесетгодишниот Американец моментално е висок 2,33 метри и се уште ќе расте.

Кога имал пет години, лекарите му дијагностицирале Сотос синдром и прогнозирале дека тешко ќе ги преживее тнејџерските денови. Станува збор за ретко генетско пореметување чии карактеристики се надпросечна тежина и височина. Зачестеноста на заболувањето е 1 наспроти 15.000 новородени. Во градинка достигнал висина од 1,5 метри каде што значително се издвојувал од своите врсници.

brok-braun-najvisokiot-tinjdzer2

Годишно во просек расте по 15 сантиметри и доколку продолжи со ова темпо, се верува дека ќе го надмине и највисокиот човек на светот, турчинот Султан Косен, кој е висок 2,51 метар.

Необично високиот раст носи и релативно големи трошоци. Облеката и чевлите за Брок чинат повеќе отколку за просечните деца, бидејќи мора да ги набавува по мерка. Исто така има посебно изработен кревет и столица кои чинеле околу илјада долари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com