Sunday, Mar 26, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Запалено српско знаме на прославата за „Олуја“ во Хрватска

Видео: Запалено српско знаме на прославата за „Олуја“ во Хрватска

zname srpsko gori hrvatska

Српското знаме беше запалено денеска во Хрватска, каде се славеше воената акција „Бура“ во која од таа земја беа протерани повеќе од 250.000 Срби. Откако припадниците на Деветата воена HOS утринава пред очите на полицијата го величеа злосторничиот усташки режим во попладневните часови продолжија со непримерното однесување. Групата момци и девојки од таканаречената песна на Томпсон, на воодушевување на присутните го запали српското знаме. Во прв план беше момчето без маица кое стои на столот обидувајќи се да го запали знамето. Тоа не му појде од рака, па некој му помогна со факел.

Србија се сеќава
Во воената операција „Бура“, што почна на 4 август 1995 година на подрачјето на „Република Српска Краина“ во Хрватска, беа убиени или исчезнаа околу 2.000 Срби, а протерани се околу 220.000 лица, утринава потсети српската телевизија – РТС.

Според телевизијата, еден ден подоцна хрватската војска влегла во речиси целосно напуштениот и претходно жестоко гранатиран град Книн, во кој пред „Бура“ живееле повеќе од 90 отсто Срби. За само неколку дена, скршен бил отпорот на војската на Српска Краина, која на подрачјето на Книнска краина броела околу 30.000 војници.

Од територијата на „Република Српска Краина“, тргнал бран од бегалци во кој имало повеќе од 200.000 лица. На пат кон Србија и Република Српска бегалските колони постојано биле напаѓани од хрватската артилерија и воено воздухопловство.

Во Краина останале само цивили, кои биле изложени на терор и по формалното завршување на операцијата „Бура“, на 7 август.

Тогашниот командант на цивилната полиција на мировните сили на ОН, за подрачјето на Книн, генерал Алан Горан, во својот извештај на крајот од својата мисија напишал дека полицијата на ОН на тоа подрачје, по доаѓањето на хрватските сили, пронашла 128 убиени српски цивили и 73 отсто уништени куќи.

Во продолжението на акцијата во БиХ, со операцијата „Маестрал“, хрватските и муслиманските сили убиле уште 655 и протерале околу 125.000 српски жители од Босна и Херцеговина. Во евиденцијата на „Веритас“ се наоѓаат имињата на 837 исчезнати лица, во поголемиот дел цивили, а меѓу нив 308 се жени.

„Веритас“ наведува дека против краишките Срби (околу 230.000 жители со околу 30.000 војници) биле ангажирани околу 200.000 хрватски војници, од кои во операцијата директно учествувале 138.500 припадници на Хрватската војска, МВР и ХВО.