Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Заменик шефот на истанбулската полиција убил мотоциклист

Видео: Заменик шефот на истанбулската полиција убил мотоциклист

Заменик шефот на истанбулската полиција, Џелал Јилмаз, застрелал мотоциклист во глава. Камерите за видео надзор ја снимиле целата случка. На целата ситуација ѝ претходела расправија помеѓу мотоциклистот и полицаецот.

На снимката од безбедносните камери се гледа како тие двајца се расправаат и започнуваат тепачка, која била спречена од обезбедувањето на еден објект во близина. Мотоциклистот седнал на својот мотор и заминал, но набрзо се вратил и извадил пиштол, за кој се воспоставило дека е празен. Почнал повторно да се расправа со насобраните луѓе, со пиштол во раката, пишува LiveLeak.

Кога видел дека мотоциклистот има пиштол во рака, Јилмаз го повлекол своето оружје и во еден момент за време на расправијата го застрелал во главата. Јилмаз подоцна се предал во полицијата и обвинет е за убиство.