Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика(ВИДЕО) Заев: Опозицијата нема да учествува на избори на 24ти април!

(ВИДЕО) Заев: Опозицијата нема да учествува на избори на 24ти април!

Опозициската СДСМ и нејзините „борци за демократија“ немало да учествуваат на избори на 24-ти април, барем засега. Лидерот на опозициското движеше, Зоран Заев, вели дека Договорот постигнат во Пржино е склучен за надминување на политичкиот амбис, а не негово продлабочување. Заев бара да нема лицитација со терминот на изорите, како и да се воспостави можност и простор ДИК да направи точна и реална проценка до кога ќе трае проверката на Избрачкиот список и неговото прочистување.

-Избори на 24-ти април нема да се одржат. Второ, СДСМ е доволно силен и моќен и по сите процеси, пред се поврзани со Вистината за Македонија, да не бидеме само неми посматрачи на еднострани одлуки на владеачките партии.
Двете цели што мора да се постигнат од прочистувањето на Избирачкиот список се: да се разделат граѓаните што гласаат дома од граѓаните што се во странство и се во посебен Избирачки список – дали ќе гласаат дома или во ДКП-ата. Втората цел е да се избришат сите фантомски гласачи коишто ги има во Избирачкиот список, секако со третата операција-теренска проверка, мислам дека ќе се исполни целта кон којашто ние стремиме, изјави Заев.

На прашањето на кој начин ќе се прочистува избирачкиот список, Заев објаснува дека процедурата започнува со споредба на сегашната состојба со состојбата во минатите изборни циклуси, по што ќе се прави вкрстување на базите на податоци на 10 институции. Дури потоа, се пристапува кон теренска проверка и евентуално бришење гласачи. Според Заев, невозможно е во земја во која останеале милион и 600 илјади жители, да има милион, 811 илјади гласачи.

-Проверката на Избирачкиот список трае 85-90 дена. До 5 март, што претставува по закон 50 дена пред изборите, има 37 дена. Ако се стигне до 15 април плус 50 дена, 5 јуни може да биде проектиран датум за избори. Ако се стигне до 15 мај, 5 јули може да биде проектиран датум за избори, објаснува Заев.

Заев не одговори прецизно на обвинувањата од Студентскиот Пленум во однос на гласањето за изградбата на новиот универзитет и индиферентноста на СДСМ во однос на ова. Тој ја обвини дека власта ја уништила независноста на универзитетите, а СДСМ ќе ја вратела.

-Ние ги знаеме проблемите во севкупниот образовен систем во Република Македонија, вклучително и високото образование. Ние мораме да направиме како земја, сите заедно, исчекор кон враќање на независноста на универзитетите, кон самостојноста на универзитетите и враќање на квалитетот на целокупниот образовен процес. За да се отворат вакви постапки, за било какви нови тенденции за нови универзитети или слично, треба да постои јавна расправа, утврдена потреба, кои се заинтересираните и сл. за да може во Македонија да се градат вакви ставови. Сите знаат дека проблемите во Македонија не се од недостаток на универзитети, проблемите се од тоа што власта окупирала се во Република Македонија, а со тоа ја уништила независноста на универзитетите. – објасни Заев

Лидерот на опозицијата е уверен во изборна победа, бидејќи смета дека времето на Груевски е поминато.

-Може тој да продолжи да фрла лопати колку сака и колку сака да најавува инвестиции, неговото време е завршено. Повеќе Никола Груевски повеќе не одлучува во оваа земја, -тврди Заев.


Н.С