HomeАНТИСТРЕСШтосноВидео: За да се чувствува како претседател – косовски милионер си изгради „Бела куќа“

Видео: За да се чувствува како претседател – косовски милионер си изгради „Бела куќа“

Милионерот Кинед Фрокај во Ѓаковица изгради куќа која по архитектонското решение се различува од се што сте имале можност да видите. Конструкцијата ја носат 16 антички столбови, а на покривот се виорат дури четири знамиња: на Албанија, САД, Швајцарија и на Косово. Антички столбови, позлатен мебел, Ламборџини во претсобјето, римски богови, нема што нема.

Внатрешноста од куќата е приказна за себе. На таванот се пресликани мотиви од Сикстинската капела, насекаде има позлатен мебел и скулптури на римски богови, а најчуден експонат е, ни помалку ни повеќе туку вистински Ламборџини. Сопственикот на вилата вели дека бил инспириран од старогрчката култура, а на тоа требало да укаже и една слика од Косовскиот бој која се одигрува пред храмот Партенон. Косовскиот портал „Бота сот“ објави прилог за овој интересен дом и за нејзиниот градител Кенед Фокај, кој со години живее и работи во Швајцарија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com