Saturday, Sep 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Вучиќ нападнат во Поточари

Видео: Вучиќ нападнат во Поточари

Српскиот премиер, Александар Вучиќ и членовите на српската делегација денеска беа нападнати од голема група мажи и жени во Поточари, Босна и Херцеговина. Според српските и босанските медиуми, тој бил повреден во главата со камен. Српската делегација со полициска придружба тргнала кон Белград.

Вучиќ пристигна во Поточари за да им оддаде почит на убиените босански државјани во Сребреница. Српскипт премиер во Меморијалната сала ја погледна изложбата „Сребреница-Поточари-1995-2015“ и се потпиша во книгата на жалост. На самиот влез беше исвиркан, така што српската делегација требаше да ги сфати сигналите од насобраната толпа.