Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“

Видео: Вучиќ ги плаши Србите со „македонско сценарио“

Вучиќ со остра реторика и за меѓународната заедница, порача дека нема да дозволи странски сили да се мешаат во внатрешните работи на Србија и да влијаат кој да дојде на власт.

„Нема да дозволам македонско сценарио во Србија“ – беше пораката на српскиот премиер Александар Вучиќ на еден од последни митинзи во трката за претседател на државата.

„Не, тие остануваат на својот став – Тие сакаат да предизвикаат македонско сценарио во Србија. Ветувам дека ќе се борам против оние што сакаат македонско сценарио во Србија. Ќе се борам до последен здив, со сета сила да го зачуваме мирот и стабилноста. Тоа е мојот завет кон вас, тоа е мојот завет кон Србија“ – изјави Вучиќ.

Скандалозно е тоа што режимот на Вучиќ секојдневно го плаши српскиот народ со „македонски и украински“ сценарија, сметаат дел од аналитичарите. Никола Јовановиќ, порпарол на тимот на српскиот претседателски кандидат Вук Јеремиќ вели дека ваквите изјави кои доаѓаат на неколку дена пред претседателските избори се подгревање на потенцијална нестабилност.

„Единствениот извор на нестабилност и опасност за граѓаните претставува токму оваа власт. Воведоа вонредна состојба преку проектирање на насилство, измислени афери и државни удари, напаѓање на активисти на другите претседателски кандидати, злоупотреба на институциите и известувачките служби, како и брутална контрола на медиумите“ – изјави Никола Јовановиќ, порпарол на тимот на српскиот претседателски кандидат Вук Јеремиќ.

Српските граѓани во недела ќе бираат нов претседател на земјата.

Реториката на српските политичари ви е добро позната.