Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисВидео: Во живо од соблекувалната на Ноле, 60.000 луѓе ја споделија радоста со него по освоениот трофеј

Видео: Во живо од соблекувалната на Ноле, 60.000 луѓе ја споделија радоста со него по освоениот трофеј

Новак Ѓоковиќ го круниса крајот на сезоната на најдобриот можен начин. Четвртата титула во низа на завршниот Мастерс во Лондон, каде го порази Роџер Федерер со 2:0 во сетови е доволен доказ дека само го докажува епитетот на тениски рекет број еден во светот.

Напорните тренинзи и исцрпувачките натпревари бараат малку одмор. Србинот се одлучи да ги изненади своите обожаватели и да се вклучи во живо од својата соблекувална каде 60.000 луѓе имаа можност да го погледнат трофејот одблизу, а беа почестени и со една мини тура од местото каде го придружуваше целата екипа. Дефинитивно има за што да се радува и долго да ја памети оваа 2015 година.