Thursday, Mar 28, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФаул(Видео): Во улога на бездомник го исполни срцето на едно момче

(Видео): Во улога на бездомник го исполни срцето на едно момче

Расположен како никогаш досега, португалскиот голгетер се обиде да ги разигра минувачите на улиците низ Мадрид преправајќи се како бездомник кој ги покажува своите фудбалски вештини за да собере некое евро.

Најсреќниот минувач беше едно младо момченце кое се обиде да поигра фудбал со бездомникот, незнаејќи кој всушност се крие под лажната маска. Толпа од луѓе, млади и стари, се собра откако Роналдо го покажа својот вистински лик и му ја потпиша фудбалската топка на детето кое ја прими со солзи радосници во очите.

Оваа акција е всушност дел од кампањата на фудбалерот, „Живеј го животот гласно“ како реклама за слушалките и звучниците од неговата колекција.