Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Во 101 година скокна со падобран заедно со неговиот син, внук и правнуци

(Видео) Во 101 година скокна со падобран заедно со неговиот син, внук и правнуци

Британецот Вилијам Брусон Верден Хејс, ветеран од Втората светска војна и учесник при истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија, скокна вчера со подобран во 101 година од својот живот, стана најстариот човек во светот кој го стори тоа. Со падобран заедно со Хејс скокнаа и неговиот син, внук и неговите правнуци.

Воениот ветеран кој 101 година наполни пред 38 дена, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот човек кој скокнал со подобран. Пред него рекордот го држеше Арман Гендре од Канада, кој имаше 101 година и три дена, кога тој со падобран скокна во 2013 година.

Тој служел во британската армија во Втората светска војна и бил награден во француската Легија во чест за храброст.