Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВидео: Внимателно со банкоматите – криминалците со нов метод го крадат пинот

Видео: Внимателно со банкоматите – криминалците со нов метод го крадат пинот

Криминалот со кредитни картици зазема нови размери. Се доведува во прашање безбедноста на банкоматите. На тоа предупреди и туристот Бен Тедеско кој го забележал уредот за отчитување на броевите на картицата на еден банкомат во Виена. Тој направил видео кое го споделил на YouTube, а со цел Вие да не станете жртва на таква измама.

Тој во текстот под видеото навел дека е малку параноичен и секогаш ги проверува банкоматите. Кај овој читач на картички забележал неколку ситни гребнатини и малку лепило. Ова видео за само два дена беше погледнато од повеќе од 1,7 милиони луѓе, а Бен Тедеско за сето ова ја извести и локалната полиција. Внимателно.