Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВидео: Владо Јовановски направи сообраќајка, а Заев му е крив

Видео: Владо Јовановски направи сообраќајка, а Заев му е крив

Еден од иницијаторите на протестите „За Заедничка Македонија“, актерот Владо Јовановски завчера околу 21 часот, учествувал во сообраќајна несреќа, која според информациите на Макфакс се случила кај нова Железничка. Имено, сопственикот на второто моторно возило побарал да се повика полиција, бидејќи неговото возило било оштетено, но Јовановски реагирал на истото.

„Илјада евра те кошта, ова што ти некогаш, друг пат, си се гребнал? Вие сте го подметнале ова, не е ова мое!“, вели Јовановски, а се слуша на снимката до која дојде Макфакс.

На видео-снимката се слуша и расправија помеѓу две женски лица, каде едното лице е сопатничка на Владо Јовановски, а другото, засега непознато лице. Имено, откако девојката која ја направила видео-снимката го прашала актерот, дали ова му го подметнал Заев, таа жестоко била нападната од засега непознатата жена која била во придружба на Јовановски, додека тој се обидувал да и го одземе телефонот со кој снимаше.

„Што го мешаш Заев ти? Што е Заев во ситуацијата? Од каде ти сега Заев го спомена? Седи мирна, ти ги фати тука? Јас немам работа со бандити! Што го спомнуваш Заев, нормална си што зборуваш? Јасно е се!“, вели сопатничката на Владо Јовановски. Засега, овој настан не е евидентиран во билтенот на МВР, притоа, според неофицијални информации истиот не е пријавен, а Јовановски не платил оштета