HomeДЕНЕШНАСветВидео: Верижен судир во Кина однесе 17 животи – 56 згмечени автомобили

Видео: Верижен судир во Кина однесе 17 животи – 56 згмечени автомобили

kina-karambol-696x418

Најмалку 17 лица загинаа при верижен судир на 56 автомобили на автопат во Кина, објавија светските медиуми. Возилата се излизгале и удриле едно во друго на автопатот Пекинг – Кунминг во провинцијата Шанси во понеделникот. До несреќата дошло поради густа магла, дожд и снег.

„Маглата беше густа и затоа возев полека кога излегов од тунелот. Видов две возила како хоризонтално го блокираат патот, па притиснав на кочницата“, рече еден од возачите кои учествуваа во сударот. Во несреќата се повредени 37 луѓе, јави државната агенција Xinhua.

Пожарникари биле веднаш повикани за да го гасат огнот, додека спасувачи извлекувале луѓе од згмечени автомобили.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com