HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Учениците од Ново село на протест за прегазеното девојче

Видео: Учениците од Ново село на протест за прегазеното девојче

Учениците од основното училиште „Тихомир Милошевски“ од Ново село, општина Ѓорче Петров денес протестираа затоа што нивна соученичка беше прегазена и претрпе тешки повреди на главата и се уште е во болница во критична состојба.

Децата извикуваа „Нема правда, нема мир“ и бараа да се постават пречници или популарно наречени „легнати полицајци“ на улицата пред училиштето.

Девојчето пред две недели додека ја преминувало улицата било удрено од џип по што се здоби со скршеници на главата, а родителите стравуваат за безбедноста на нивните деца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com