HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Усмртил велосипедист и го закопал автомобилот, српската полиција не видела вакво нешто

Видео: Усмртил велосипедист и го закопал автомобилот, српската полиција не видела вакво нешто

zakopan-101-srbija

Нерегистриран автомобил марка „застава 101“ беше пронајден закопан во длабока дупка под земја во околината на местото Ковина , во Србија. Како што пренесуваат локалните медиуми полицијата го пронашла автомобилот, а по спроведената истрага станува збор за покривање на докази по случена сообраќајна несреќа.

Имено, лицето Д.К (32) од околината на Бела Црква, беше уапсен поради тоа што згазил велосипедист, кој од силниот удар починал на лице место. По сообраќајната несреќа го закопал автомобилот за да ги сокрие доказите, па побегнал од местото на несреќата. Трагедијата се случила попладне на 27 октомври, а по четири дена е разоткриена целата мистерија на овој немил настан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com