HomeДЕНЕШНАСветВидео: Уште еден напад бил „по грешка“, грешката во Јемен одзеде 140 животи

Видео: Уште еден напад бил „по грешка“, грешката во Јемен одзеде 140 животи

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против бунтовниците во Јемен, соопшти дека еден од нивните авион по грешка извршил напад за време на погреб во главниот град Сана, при што загинаа 140 луѓе. Од Коалицијата најавија дисциплинска постапка против сторителите и објаснија дека нападот се случил поради непочитување на правилата и процедурите, како и поради неточни информации. „Ќе бидат преземени соодветни мерки против оние што го предизвикале инцидентот, а на семејствата на жртвите треба да им се понуди надомест“, се вели во соопштението.

Нападот кој се случи на 8 октомври предизвика остри критики, дури и од најблиските западните сојузници на Саудиска Арабија. Организацијата Хјуман рајтс воч ја обвини коалицијата предводена од Саудијците за воени злосторства поради нападот врз погреб во Јемен и ги критикуваше САД и Велика Британија зашто ја снабдуваат Саудиска Арабија со оружје, додека пак, од Белата куќа соопштија дека ќе ја преиспитаат својата поддршка за Коалицијата.

Инаку, ниту на САД не им се непознати нападите „по грешка“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com